Операторот на погребални услуги “Мирен Сон ” – Охрид се одзва на апелот за помош на семејството Јанакиеви од Радовиш , кои немале средства да го донесат покојникот од Грција. Во текот на вчерашниот ден претпријатието стапило во контакт со претставници од општина Радовиш и  понудило помош во репатријацијата на покојниот. 

Утринава едно од возилата на “Мирен Сон” замина за Грција за да го преземе телото на покојниот и бесплатно да го пренесе до домот во Радовиш.

OhridNews