Во обиколка на неколку избирачки места, екипата на OHRIDNEWS не забележа никакви нерегуларности.
Во избирачкото место 1275 лоцирано во гимназијата „Свети Климент Охридски“ изборниот процес започнал точно навреме, информира претседателот на избирачкиот одбор на ова место, Номче Љаткоски.Според неговите информации, на ова место не се забележани нерегуларности. Овде гласаат дел од граѓаните кои живеат на „Туристичка“, дел од жителите на улицата „Јане Сандански“, жителите од „Серафим Китаноски“, „Страшо Пинџур“ и „Војдан Чернодрински“. Од вкупно 850 запишани во изводот на избирачкиот список, до 12 и 30 гласале над 250 гласачи.
Во избирачкото место 1274 кое се наоѓа во просториите на основното музичко училиште „Методи Патче“ до 12 и 40 часот имаа гласано 177 граѓани од улиците „8 Септември“ и „ Јане Сандански“. Избирачкиот одбор таму работи во полн состав. Претседателот на одборот, Лазо Дуноски вели дека нема никакви проблеми, избирачкото место е отворено во 07 часот изутрина, а има и набљудувачи од социјалдемократскиот сојуз и од ВМРО-ДПМНЕ, како и од невадината организација МОСТ. Во ова избирачко место се запишани 500 граѓани со право на глас.
Текот на изборите се одвива нормално и без нерегуларности и во гласачкото место 1273 во авто-мото друштвото „Охрид“, потврди претседателот на избирачкиот одбор, Сашо Ставрески.
Ohridnews