Мирно се одвива и изборниот процес во Струга. Досега не се забележани никакви нерегуларности вели претседателот на ОИК Струга, Минир Жута.
Сите избирачки места се отворени на време. Нема никави пречки досега во изборниот тек. Излезноста до 13 часот е 18, 68%. Во однос на биометриските уреди забележан е проблем само на едно место во Лабуништа, каде околу 30-40 минути беше во прекин гласањето, бидејќи не функционираше фирнгерпринт уредот. Овој проблем беше надминат и гласањето продолжи, информира Жута.
Споредбено со излезноста од првиот круг на Локалните избори каде до 13 часот излезноста беше околу 17%, овој круг поголема е излезноста од некаде 1%.
Н.С.Ј.