Охриѓанецот Славчо Мирчевски прескокна 7.05 м и постави нов државен младински рекорд во дисциплината скок во далечина. Мирчевски кој победи во оваа дисциплина го сруши рекордот стар цели 28 години кој го држеше исто така охриѓанец, Васил Бачовски.


Натпреварот на кој го постигна овај рекорд, Мирчевски ќе го запамети и по повредата која ќе го оддалечи одреден период од тартанот. По оваа повреда неизвесен е неговиот настап на Европскиот куп во Малта на 19 и 20 јуни.

М.П.