Славчо Мирчевски, член на “АК Охрид” од Охрид нема да биде учесник на Европското Првенство за сениори-ки до 23 години кое треба да се одржи од 11 – 14 јули во Тампере, Финска.
-Селекторот побара повторно соочување иако Мирчевски и претходно имаше најдобар резултат. Уште еднаш, убедливо беше најдобар со прескокнати 6.97 м. во дисциплината скок во далечина и го докажа неговото учество. Но, се падна во вода, после скандалозната вест дека авионската карта за Тампере претходно била резервирана за сосема друг атлетичар, односно повторното соочување беше залудно. – се вели во писмената реакција на проф. Влатко Димитров, тренеср на АК Охрид.
Toj го обвини актуелниот селектор на Атлетската Репрезентација на Македонија, Ѓорѓи Вучков, дека уште еднаш изиграл атлетичар кој го има заслужено своето учество на ваков голем меѓународен натпревар, а сепак нема да учествува.
-Дали целта на актуелниот селектор е тој незаслужено да се шета низ Европа и воедно сака да ја уништи атлетиката во Македонија? Мора да се избориме ова да не се повтори, затоа што токму вака се губат талентираните спортисти кои би можеле да го обелат образот на Македонија.-стои во писмената реакција на тренерот на АК Охрид, Димитров.