Охриѓанецот Славчо Мирчевски се закити со златно одличје на  првиот европски студентски куп во атлетика, Академик во Софија. Мирчевски ја предводеше македонската репрезентација која од Бугарија се врати со четири освоени медаљи.

Тој триумфираше во дисциплината скок во далечина изведувајќи скок во должина од 6.73 метри.

Ристеска Христина во трката на 400м со време 60.05 заврши на второто место, додека две трети места освоија  Ефремов Кристиан на трката на  400м со време 50.94  и Милчевски Бојан на трката на  800м со време  1:59.30.

Ohridnews