Атлетичарите од Охрид, Славчи Мирчески и Мартина Мироска освоија индивидуални признанија за најдобри во своите натпреварувачки категории.


Миречски кој се натпреварува во скок во далечина прогласен беше за најдобар атлетичар меѓу сениорите, а Мироска која исто се натпреварува во скок во далечина се закити со наградата во конкуренција на младинките.


Атлетската федерација на Македонија постхумно го награди охридскиот татко на „кралицата на спортовите“, Влатко Димитров кој ненадејно почина.


Добитниците на наградите:

Млад пионер: Владимир Битуљану

Млада пионерка: Гала Урдевска

Пионер: Иван Тимчевски

Пионерка: Јана Митовска

Млад младинец: Милан Вељковиќ

Млада младинка: Бесијана Мустафа

Младинец: Дарио Ивановски

Младинка: Мартина Мироска

Сениор: Славчо Мирчески

Сениорка: Дрита Исљами

Тренер, поединци: Влатко Димитров, АК Охрид (постхумно)

Тренер, екипно: Филип Колевски, АК Куманово

Награда за животно дело: Симеон Георгиев, Милош Буцевски

Фото: Архива
OhridNews