Прекрасната манекенка Миранда Кер ги пленила погледите на бројните гости на свечената гала вечер која ја одржал популарниот бренд Сваровски во фамозната Сиднејска опера. Убавата трендсетерка за таа пригода одлучила да облече прекрасен црн фустан од скапоцена чипка на брендот Ловер, со која искомбинирала незабележливи црни салонки со машна.
Коса собрана во висок реп, силно црвен кармин на усните и накит со потпис на споменатиот бренд се деталите со кои Миранда го заокружила овој женствен стајлинг.
извор: fashion.hr