Миранда Кер станала ново заштитно лице на познатиот произовдител на долна облека “Wonderbra”, само година дена откако го прекинала долгогодишниот ангажман во познатиот бренд Викторија Сикрет. Во три промотивни фотографии, 30-годишната манекенка е нешто поскромно облечена, отколку што навикнавме да ја гледаме во кампањите на Викторија Сикрет.
Се чини дека убавата австралиска манекенка по разводот со Орландо Блум успешно се фрлила на работа, бидејќи неодамна станала и заштитно лице на “H&M”, а исто така настапила и во кампањи за Манго, Сваровски и Рибок.