Миранда Кер е во врска со интернет претприемачот Еван Шпигел, основачот на апликацијата “Snapchat”. Славниот супермодел, кој има 32 години, е видена како го бакнува 25-годишниот милијардер во еден ресторан во Калифорнија, со што ги подгреа гласините дека се заедно. Очевидец рекол дека седеле на шанкот и се бакнувале. Делувале дека се многу вљубени.

 

Еван неодамна беше именуван за најмлад милијардер на светот од списанието Форбс. Своето богатство го заработи благодарение на успешната апликација која им овозможува на корисниците да праќаат пораки и видеа кои се бришат веднаш после гледањето. Интересно е и дека поранешниот сопруг на Миранда, Орландо Блум, со кој го има четиригодишниот син Флин, беше виден во прегратките на бразилската актерка и манекенката Луиса Моралес.