Заводливиот ангел на Викторија Сикрет Миранда Кер наводно е во врска со еден од најбогатите мажи во Австралија. Светските таблоиди на големо пишуваат за тоа дека поранешната сопруга на Орландо Блум паднала на шармот на Џејмс Паркер и дека токму тој би можел да биде рпичината за крајот на нејзиниот брак со холивудскиот убавец.

Тоа што не држи во целата приказна е фактот што манекенката која има 30 години, и австралискиот милионер, се добри пријатели со години, па многумина сметаат дека овде станува збор само за уште еден трач, но останува да видиме што ќе ни покаже времето.