Меѓународно признатиот супер модел Миранда Кер, станала „Рибок изитон“ амбасадорка и на тој начин им се придружила на останатите познати промотерки, меѓу кои се и Ева Мендес, Хелена Кристенсен и Кели Брук.


Топ моделот од Австралија навела дека облеката и обувките од оваа марка и помагаат да остане фит и во форма. Убавата и многу барана Миранда додала дека ова и дошло многу добро, бидејќи нејзината работа и наметнувала многу брз животен стил. Рекла дека има многу обврски, дека често патува по светот и дека и покрај се успева да се грижи за својот едногодишен син. Затоа многу се радувала што секогаш при рака и е неизмерно удобната спортска гардероба „Рибок Изитон“.