Миранда Кер е сон на секој младоженец во новата колекција на долна облека на Викторија Сикрет наменета на невестите и новопечените сопруги.

 Австралиската манекенка е заштитно лице на новата колекција која е дизајнирара специјално за младите брачни парови и како идеално решение за првата брачна ноќ.

Иако многу невести се нервозни токму пред првата брачна ноќ, Миранда Кер на фотографиите делува мошне самоуверено и свесна за својот прекрасен изглед.

 Неодамна открила дека тајна за нејзината бреспрекорна фигура е вежбањето јога, но и трчањето по својот двегодишен син Флин.