Поранешниот ангел на модната куќа „Викторија Сикрет“ и една од надобро платените манекенки на светот, се фотографира за кампањата на едно списание. И тоа не би било нешто ново, доколку тоа не беше кампања за едно популарно списание за чии потреби фотографите ја соблекоа манекенката до гола кожа, и облекоа танга гаќички и проѕирен комбинезон кој не крие премногу, и така ја легнаа во кревет.

 

Миранда лежи на стомак и праќа заводливи погледи, додека нејзината коса е нежно распуштена по креветот. На овие фотографии кои даваат чувство на нежност, убавицата изгледа позаводливо од било кога претходно, како да му покажува на поранешниот сопруг Орландо Блум што испушти во животот.