Од Новата година не делат десетина дена, а манекенката Миранда Кер побрза да ги израдува, но и да ги загрее во ладните зимски ноќи машките обожаватели со провокативни фотографии. На насловната страница на австралиското издание на списанието „Harper’s Bazaar“ за јануари-февруари 2016 година, го покажа голото витко тело во полн сјај. Меѓутоа, не беа сите среќни поради нејзиниот разголен гест.

 

Конзервативните купувачи во еден ланец супермаркети беа разлутени од нејзината провокација, како што тврдат непримерна за детските очи, поради што од полиците беа отстранети сите примероци од списанието. Уредничката Кели Хаш е разочарана од „непрепознавањето на уметничкиот интегритет на фотографијата која ја слави женственоста“, додека Миранда откри дека на снимањето не била потполно гола и дека била „соблечена“ со помош на фотошоп. Порача дека носела танга гаќички, а во паузите на снимањето прекривка.