Една од најплатените манекенки ка светот својот љубовен живот се обидува да го сокрие од очите на јавноста. Меѓута, на изненадување на многумина, овој пат Миранда објавила фотографија на социјалните мрежи на која е во прегратките на фотограф. Австралискиот модел на својот Инстаграм профил објави фотографија на која лежи на кревет покрај згоден маж кој ја бакнува во образ. Имено, човекот е аргентинскиот фотограф Себастијан Фен, а очигледно фановите се воодушевени од фотографијата, бидејќи за кратко време собра голем број лајкови.
Миранда и Себастијан се долгогодишни пријатели и соработници, а оваа фотографија најверојатно настанала на снимање. Меѓутоа, судејќи според насмевката на манекенката, можеби на повидок е нова љубов. Да потсетиме, Миранда Кер и Орландо Блум во 2007 година ја започнаа својата врска, во 2011 го добија синот Флин, а потоа во 2013 ставија крај на врската. По раскинувањето Миранда изјавил дека од време на време излегува на состаноци, но дека не е во врска со некој од нив.