Славниот фотограф Марио Тестино ја соблече манекенката Миранда Кер за насловната страна на новиот број од машкото списание “GQ”, кое во пордажба е од четврток. Миранда со овие фотографии како да сакала да му покаже на поранешниот сопруг Орландо Блум, со кој се разделила пред шест месеци, што пропушта.
Миранда рекла дека колку е постара толку е поспремна да ја истражува својата сексуалност. Имала повеќе самодоверба. Вели дека откога нема редовен секс, нејзиното тело повеќе не е дефинирано. Што повеќе секс има, рацете и стомакот и изгледаат подобро. ги цени и мажите и жените. Го сакала женското тело, но дефинитивно и требал маж во спалната соба. Но, сепак вели дека сака да истражува и живее според мотото никогаш не вели никогаш.