Манекенката Миранда Кер за списанието „Harper Bazaar Australia“ рекла дека секому му е тешко да се носи со развод, било да е под лупа на јавноста или не. Како што е веќе познато, таа и славниот актер Орландо Блум повеќе не се заедно. Светски познатата манекенка изјавила дека е важно долгорочно да останат пријатели поради нивниот двегодишен син Флин, кој им бил најважен на светот. Сеуште се почитувале, се сакале и се грижеле еден за друг.

Минатата седмица на премиерата на филмот ‘The Hobbit: The Desolation of Smaug’, Орландо Блум изјавил дека секогаш ќе бидат семејство, ќе се сакаат и ќе се почитуваат еден со друг. Миранда и Орландо се развеле по три години брак во кој го добиле нивниот син Флин.