Миранда Кер имала сообраќајна несреќа во понеделникот во Лос Анџелес, кога на автомобилот во кој се возела со својот асистент налетало друго возило. Таа трпела големи болки по несреќата во која здобила полесни повреди, а манекенката моментално носела и ортопедски помагала.

Нејзиниот сопруг Орландо Блум и двегодишниот син Флин не биле во возилото со неа во моментот на несреќата. Претставникот за медиумите на модната куќа Викторија Сикрет потврдил дека Миранда имала несреќа, но и дека сите биле среќни што не била посериозно повредена, и дека моментално е на домашно лекување.