Манекенката Миранда Кер, поделила со своите фанови фотографија на Твитер во која само со бел јорган ги покрива градите. Манекенката лежи во кревет, со заносен поглед, а под фотографијата напишала „Добро утро на сите“.

Нејзините следбеници на Твитер биле воодушевени. Миранда се фотографирала без нималку шминка на лицето и фотографијата е потврда дека оваа манекенка важи за најприродна убавица во светот на модата.