Како призната манекенка и една од најдобро облечените жени во светот, на Миранда Кер и е отворен пристапот до сите оние дизајнерски совршенства за кои поголемиот дел од жените може само да сонуваат. Австралиската убавица на адресата од својот њујоршки дом редовно ги добива најновите додатоци со потписот на модните куќи, а еден таков е и скапоцената чанта на Шанел од тексас материјал, која Миранда ја покажала во јавноста.

Практичната чанта од темен тексас, која ја краси белото лого на брендот и препознатливиот златен синџир проплетен со црна кожа, го привлекла вниманието на модните медиуми, и тоа првенствено поради ознаката со цената која ја носи. Оваа 3000 долари вредна чанта, Миранда ја споила со женствено плисирано здолниште со миди крој, омилената пругаста маица и лежерна тексас јакна. Прекрасниот стајлинг на совршен начин го заокружиле елегантни црвени салонки.

 

извор:fashion.hr