Славната манекенка Миранда Кер после низата работни ангажмани отпатувала на егзотичен остров. Поранешната сопруга на Орландо Блум и мајка на нивниот тригодишен син Флин со себе ги повела и пријателките, а фотографиите неодамна ги поделила на социјалните мрежи. Од Блум се разделила кон крајот на 2013 година, но убавицата сеуште не е спремна за нова сериозна врска.
Таа рекла дека од време на време излегува на по некој состанок, но моментално приоритет и е нејзиниот син. Едноставно не барала врска. Додава дека мажите не сакаат кога не се почитувани, а жените сакаат кога се чувствуваат сакано. Доколку жената се чувствува сакано, ќе го почитува мажот, а ако мажот се чувствува почитувано, ќе ја сака жената.