Манекенката Миранда Кер се појавила во провокативно издание во новата кампања на Крис Колс, кој ја фотографирал топлес во нејзиниот кревет. Така таа покажала како се боти со претстојниот развод со нејзиниот сопруг орландо Блум, во новите фотографии на кои ужива топлес во својот кревет.

Имено, манекенката направила секси фото сесија за својот пријател Крис Колс, по што оставила порака „Ја почитува светслоста, љубовта, вистината, убавината и мирот во тебе, бидејќи истото тоа е во мене. Во делењето на овие работи ние сме соединети“, за која се верува дека била посветена токму до Орландо. Тие двајца пред две седмици објавиле дека планираат развод, но и дека сеуште се блиски.