Девет месеци по раѓањето на синот Флин, супермоделот Миранда Кер ќе се врати во јатото на ангелите на „Викторија Сикрет“ во ноември, и тоа во градник од 2,5 милиони долари. Австралиската манекенка која синот го добила со актерот Орландо Блум, се враќа на модната писта следниот месец на ревијата на „Викторија Сикрет“.


Минатиот месец Миранда ја воодушевила публиката со своето заносно тело на ревијата за костими за капење на марката „Дејвид Џонс“, а сега дошло време за следниот чекор. Прекрасната манекенка ќе носи градник од колекцијата „Викторија Сикрет“ кој вреди 2,5 милиони долари и е украсен со разни скапоцени камења.