Супермоделот Миранда Кер има беспрекорен тен, па не чуди што неодамна лансирала сопствена козметичка линија за нега на кожата. Убавицата на инстаграм објавила неколку фотографии од дружење со новинарите, кое било одржано во нејзината градина.

Нејзината колекција носи име “KORA Organics”, а како би го покажала дејството на колекцијата, убавицата на конференцијата за новинарите се појавила со многу малку шминка. Носела бел фустан и елегантни бисерни обетки. На крајот на денот со сопругот Орландо Блум се излежавала на црвено-бели перници, заблагодарувајќи им се на сите кои и помогнале во организацијата.