Една од најбараните манекенки на светот, австралијанката Миранда Кер станала вистински експерт кога е во прашање јогата, судејќи по фотографијата која ја поставила на својот Твитер налог. Миранда на една плажа во Сиднеј е фотографирана како во бикини право мост, а покрај фотографијата стоел коментарот: Растегнување со јога, отворете го срцето, лето е“.
Фотографијата покажала и колку всушност оваа мајка која има 30 години е слаба, бидејќи и се броеле сите ребра. Претходно открила дека секое утро вежба јога. Меѓутоа, брановите во позадината на фотографијата се многу подобра локација од просечно јога студио во затворен простор. Освен што се занимава со јога, сопругата на Орландо Блум е и следбеничка за Ницирен Будизмот, поради кој верува дека „Самите сме одговорни во своите животи и целиот свет да внесеме мир и хармонија“.