Миранда Кер изминатиов викенд била снимена како со синот, дадилката и помошничката влегува во вилата на имотот на Стив Бинг во Малибу. Бинг е познато трговец со недвижности, но и познат плејбој. Миранда, според медиумите, прво дошла во друштво кај Стив, но вечерта дадилката, помошничката и малиот син Флин со нејзиниот автомобил заминале дома, а Моранда останала да преспие кај новото момче.
Треба да се додаде и дека Стив Бинг во 2000 година ја запознал и брзо започнал романса со Елизабет Харли, меѓутоа тоа траело 18 месеци. Истата седмица кога актерката дознала дека е бремена таа и Стив раскинале. Харли подоцна барала утврдување на татковство со ДНК анализа која потврдила дека Демијан Чарлс Харли е негов син. Стив сепак репутацијата ја плејбој ја стекнал благодарение на својот животен стил, а уште од студентските денови се дружи и лудува со Чарли Шин, Роб Лов и Кифер Сатерленд.