Членот на македонската репрезентација, Димитар Мираковски (27, 180 см) е ново име во редовите на актуелниот шампион Фени индустри.
Мираковски си замина од грчкиот второлигаш Ретимно, каде имаше мала минутажа и реши до крајот на сезоната да настапува за Кавадарчани.
Минатата сезона тој играше во Фершпед Работнички, во чии редови дојде од бугарскиот состав ЦСКА од Софија.