Македонската фудбалска репрезентација во ослабен состав ќе го одигра последниот натпревар за оваа календарска година, против Азербејџан утре со почеток во 14 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во македонските редови за утрешниот натпревар ќе недостасуваат повредениот Бојан Миовски, како и Езџан Алиоски, кој е ослободен од репрезентативните обврски поради семејни причини.

Македонската фудбалска репрезентација е во серија од четири натпревари без победа, три порази и реми против Финска (1-1) во пријателскиот натпревар во Скопје во четвртокот, додека Азербејџан пред гостувањето во Скопје ја совлада Молдавија на гостински терен со 2-1.

OhridNews