Како дел од обуката по прва помош која под водство на инструктори по прва помош од Операција Флориан, Англија и Црвен крст Охрид се реализира деновиве во Црвен крст Охрид, предвидено е да се реализира јавна, едукативна презентација на вештини и техники за укажување прва помош.

На презентацијата кој ќе се одржи вечерва во 19 часот на градскиот плоштад „ Св.Климент Охридски“, стекнатите знаења по прва помош ќе ги презентираат оние кои беа дел од обуката по прва помош: членови од противпожарните бригади од Охрид и Струга, претстваници на граничната (езерска) полиција, членови на америкаснкиот мировен копрус во Македонија и спасителите на вода на Црвен крст Охрид.

Тоа, воедно ќе биде и можност за минувачите и посетители на овој настан да научат нешто повеќе за првата помош и пробаат укажување на прва помош или употреба на дефибрилатор на фантом-куклите.

OhridNews