Натпреварите од Европското првенство во кошарка во Полска, ќе започнат со минута молчење, стои на официјланата веб страна на шампионатот.

На средбата на која се среќаваат Бугарија и Полска, ќе им се оддаде почит на 15-те загинати бугарски туристи, кои во саботата се удавија во водите на Охридското езеро, откако потона бродот „Илинден“.

Во Бугарија денеска е прогласен Дена на жалост и „сите членови на кошаркарската репрезентација сочувствуваат длабоко со семејствата на загинатите“, изјави селекторот на бугарските кошаркари.

ohridnews