Еден аматерски фудбалски клуб од Англија, кој бил во жалост поради смртта на своевремено најдобриот играч, направил голема грешка, 86 годишникот е жив и здрав.
Грешката била откриена кога еден службеник од клубот и телефонирал на сопругата на Томи Ферер за да и изрази сочувство.
Клубот на натпревар, неколку денови претходно, дури одржале едноминутно молчење.
Изненадената госпоѓа Глади Ферер му рекла на службеникот дека нејзиниот сопруг навистина го нема, но не бидејќи е мртов туку дека излегол да купи весник.
Томи Ферер покасно изјавил „Не се потресовме, а на почетокот мислевме дека се работи за шега“.