Утрово Охрид се разбуди под снежна покривка. Студениот бран од север ја спушти температурата до вториот степен под нулата што придонесе обилните врнежи од дожд да преминат во снег.

Според мерењата на УХМР, снежната покривка во 8 часот во Охрид изнесува пет сантиметри. Најмногу снег, 52 сантиметри, наврнало на Попова Шапка, 35 Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12…

Денеска ќе преовладува облачно и студено време, насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см).

Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од -3 до 4 степени.

Г.М.