Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Охрид утрото ведро и студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Во петок и сабота по одделни котлини особено долж Повардарието ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.
OhridNews