Бродови долги од шест до десет метри , популарно наречени минитонци ќе бидат главната атракција на 41 – то издание на Едриличарската регата која од 31 јули до 2 Август ќе се одржи во водите на Охридското езеро.

Околу 80 учесници од пет земји ќе се натпреваруваат во пет различни класи Оптимист, Европа, Ласер стандард,  470, Минитонец , на Регатното поле кое е на потегот градско пристаниште – хотел Горица – Канео. Во зависност од временските услови, се предвидува секој ден да има по четири регатни возења.

За прв пат во Охрид ќе имаме околу 15 – на минитонци кои ќе му дадат посебен шмек на регатата– рече на прес конференција преседателот на собранието на клубот Амак СП Бофор,  Стевчо Ставрев.

Натпреварувањата ќе започнат утре во 10 часот, а во првите два дена ќе се возат по 4 трки дневно, додека в недела ке се одржат помал број трки. Свеченото отварање е во 20.30 во Билјанини Извори, додека на 1 август во 20 часот ќе има промоција на книгата “ЕДРЕЊЕ“ од Коце Петров , од ЕК Пампур.

На средбата со новинарите првиот човек на компанијата АМАК-СП, Венко Шапкар истакна дека низ годините клубот ги реализирал двете основни цели,популаризацијата и масовноста на едерењето.

Ние како клуб се надеваме дека ќе ја одбраниме златната маска. Ние ќе бидеме добри домаќини, но маската ќе ја задржиме во Охрид- рече преседателот на клубот Венко Шапкар.


За безебенодста на натпреварувачите ќе се грижи граничната полиција,  центарот за обука на вода како и екипи на  црвениот крст.

И оваа година регатата е под покровителство на Агенцијата за Млади и Спорт, а ќе ја отвори преседателот Драган Ѓурчески.

М.П.