Новиот закон за рибарство и аквакултура и евентуални прекугранични аспекти како и информација за нацрт просторниот план за Охридско – преспанскиот регион, ќе биде тема на Третиот состанок на Билатералниуот комитет за заштита на Ох. Езеро што денеска ќе се одржи во Охрид.
На состанокот што го организира Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се разговара за усвојување на концепт за прогласување на заеднички биосферски резерват во сливот на Охридското Езеро, а ќе се водат разговори и за заеднички настап на одбележувањето на 5-Јуни (денот на екологијата) и 22 Јуни (денот на Охридскот Езеро). На состанокот ќе се предложи и кооптирање на членови од преспанскиот слив во насока на планираната координација на активностите.
На Третиот состанокот на Билатералниот Комитет за заштита на Охридскот Езеро ќе присуствуваат Министрите и државните секретари на министерствта за животна средина на Македонија и Албанија.
Г.М.