Министрите за надворешни работи од групата Г7 денеска ќе имаат средба во Германија со цел да разговараат за најдобрите мерки за поддршка на Киев, по неодамнешните руски напади на енергетската инфраструктура на Украина, што предизвикаа прекини на струјата во земјата.

Фокусот на дискусијата на дводневниот самит на министрите во Минстер, покрај војната во Украина, ќе биде и на улогата на Кина на глобалната политичка сцена, како и на протестите во Иран.

Овој министерски состанок на Г7 за нас доаѓа во важен момент, изјави висок претставник од Стејт департментот. Тој додаде дека групата била „витален механизам за координација на политичкиот пристап кон најитните прашања“.

OhridNews