Министрите за финансии во земјите Г8 останале без кравати на состаноците викендов во Осака.
Домаќинот на состанокот, јапонската влада, ги повикала гостите да ги извадат краватите во согласност со државната кампања „Cool bizz“, започната од пред три години. Кампањата се однесува на носење лесна облека на работа, со што се намалува работата на клима уредите, а со тоа се чува животната средина.
Од јуни до септември, сите вработени во приватниот сектор се замолени да не носат кравати, што во теоријата значи дека температурата во канцелариите може да изнесува 28С без ризик од гушење. Пример треба да дадат министрите и директорите на големите компании.
Министрите за финансии на САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Италија, Канада и Русија, како и раководителите на Светската банка и ММФ, позирале за заедничката фотографија без кравати.