” Чистење на депонии на територијата на Општина Охрид”, ” Капка за живот”, “Охридското Езеро не е депонија”- се трите еколошки проекти од Охридскиот регион кои ќе бидат реализирани годинава, со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од ЈП ” Охридски Комуналец” кој е реализатор на проектот за чистење на дивите депонии, велат дека иако е објавен списокот на апликантите кои ќе добијат средства, сеуште не се знае износот на средства кои ќе им бидат распределени, како и времето кога ќе бидат реализаирани проектите.



-Ние упативме барање до Министерството за животна средина и просторно планирање да ја забрза постапката за доделување на средствата за нашиот проект, затоа што целта беше да се спроведе пред почетокот на летната сезона. Сеуште очекуваме одговор од Министерството, па затоа не можам да прецизирам кога точно ќе почнеме со активностите кои се предвидени со него.-вели Сашо Алче, директор на ЈП Охридски Комуналец.

Тој објаснува дека со  проектот за чистење на дивите депонии ќе бидат опфатени  крајбрежјето на Охридското Езеро и  околинатата на Охрид.

Проектот ” Капка за живот” ќе го спроведува Здружението на граѓани ДЕМОКРАТ од Охрид, а за проектот “Охрдиското Езеро не е депонија” средства ќе му бидат доделени на Здружението за грижи и воспитување на деца од Општина Охрид.

Е.Е.