За заштита на животната средина во Охрид, Министерството за  животна средина и просторно планирање  одвои 6,1 милион денари. Најголемиот дел од нив одат за проектите за реконструкција на водоснабдителниот систем во селото Долно Лакочереј и за изградба на пумпи за зголемување на капацитетот на вода за пиење во селото Вапила.

Предвидена е и заштита од загадување на реката ” Грашница “, а ќе се реставрира и Студенчишкото блато.


Како што изјави денеска во Охрид, државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Пановски, во дел од проектите ќе бидат вклучени и невладините организации кои ќе ја подигнуваат еколошката свест, а со нивната реализација  се очекува да се зголеми и одговорноста на Локалната самоуправа во овој домен.

Александра Котушеска