Од оваа година сите трошоци за превентивни лекарски прегледи, за вакцинација, како и за неопходните (дополнителни) медицински интервенции, кои ќе бидат извршени во центрите за јавно здравје ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство од програмите за превентивна здравствена заштита на населението.
На сите аџии кои досега платиле за вакцинацијата и за превентивните лекарски прегледи ќе им биде вратен целиот износ, а враќањето на средствата ќе се врши преку центрите за јавно здравје каде е извршено вакцинирањето.
Подетални информации за начинот на вакцинирање и за враќањето на средствата, аџиите и организаторите на патувањето може да добијат во центрите за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство.