Министерството за здравство ќе го набави лекот Молнупиравир единствен лек против Ковид 19. Од Министерството информираа дека наскоро ќе започнат преговорите со производителот, компанијата МСД за набавка на лекот.

Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%, велат од Министерството за здравство

Од Министерството сепак потенцираат дека најголема ефикасност во борба со вирусот даваат вакцините бидејќи вирусот мутира брзо, а целта е да се постигне колективен имунитет за заштита од новите соеви на SarsCoV2.

 

OhridNews