Министерството за транспорт и врски, согласно одлуката за изменување на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, со која е предвидено почетната цена на земјиштето за изградба на стопанско – производствени објекти, пазари и хотели да изнесува 1 евро по метар квадратен, започна со имплементација на оваа мерка.
 
 Имено, денес Министерството за транспорт и врски, распиша јавна објава за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање во Кичево.
 
Наскоро се очекува Министерството за транспорт и врски да објави јавни објави за отуѓување на градежно земјиште сопственост на државата и во Охрид, а предвидени се и локации за изградба на хотели.

Покрај Охрид, надлежното министерство наскоро ќе објави јавни објави за отуѓување и во Ѓорче Петров, Илинден, Демир Капија, Струмица, Штип и Велес.

OhridNews