Министерството за транспорт и врски до Јавното обвинителство Охрид завчера поднело кривична пријава против градоначалникот на Општина Охрид  Александар Петрески, поради, како што се наведува, незаконско донесување на Детален урбанистички план за Урбана единица осум.  

Покрај од градоначалникот, кривична одговорност се бара и од градските советници. Против дел од нив до Јавното обвинителство Скопје, во Секторот за организиран криминал, поднесена била кривична пријава зошто го изгласале ДУП-Бејбубнар,  не почитувајќи ја одлуката на Министерството за транспорт за поништување на   согласноста  за градба и зашто не постапиле по Решението на Министерството за култура за привремена заштита на таа  локацијата поради веројатнст дека таму постои археолошки локалитет.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој се наоѓа на службено патување во странство, во изјава за Ohridnews, ги отфрла обвинувањата од Министерството за транспорт.„Одлуката ја донесe Советот, вели Петресеки. Против Советот не може да биде поднесена кривична пријава, туку само може неговата одлука да се оспори пред Уставниот суд, но и тоа не може да се направи затоа што при донесувањето на ДУП – Бејбунар, целосно е почитуван законот“,  изјави Петрески. Тој најави дека општината својот углед ќе го брани со контра кривични пријави.

Ohridnews