На 24-та седница, Владата ја задолжи Комисијата за заразни болестни при Министерството за здравство забрана да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19, односно посебен режим на движење на територијата на целата држава за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст.
Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата треба да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот COVID – 19.
Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка. За ова, се задолжува Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапка за спроведување во државен карантин. – соопшти Владата.
Министерството за економија и Министерството за правда се задолжени да подготват уредба со законска сила во која правно ќе ги нормираат надлежностите на сите инспекторати и инспектори (надлежностите од инспекторите во Државниот пазарен инспекторат да бидат пренесени на сите инспекциски служби).
Владата направи изми во уредбата која се однесува на транспортот, со која се овозможува на професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат и излегуваат од земјава, а кои не поседуваат дозволи издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, да бидат пропуштени на граничните премини при влез и излез, но истите се должни да ја обезбедат и приложат дозволата не подоцна од 24 март 2020 година.
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи на секое лице кое ќе ги напушти границите на државата да му даде да потпише лична изјава дека излегува од државата на своја одговорност и дека е запознаен дека поради пандемијата со коронавирусот голем број земји ги затворија границите и дека е отежнато движењето во странство, заради што државните органи не можат да гарантираат навремена помош за враќање во земјата.
Владата донесе одлуки важноста на патните исправи и за личните карти, чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба.
Владата донесе одлука важноста на возачките дозволи чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба, а сите процесни дејствија за спроведување на обуките за оспособување на кандидат за возач во авто школите и за спроведување на возачкиот испит на кандидатот за возач во испитните центри, како и роковите на важење на документите што согласно закон се утврдени за спроведување на обуките, односно испитите, да се прекинат, односно да се суспендираат за време на траење на вонредната состојба. – се вели во информацијата.
На седницата се донесени и уредбите со законска сила, со кои полагањето на стручниот испит за проценувач, како и полагањето на испитот за стекнување на овластување за овластен геодет, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.
На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од редизајнирање на кредитната линија од посебниот кредитен фонд (ПКФ) и кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во висина од 4,5 милиони евра, со цел ставање на истите во функција на намалување на последиците од коронавирусот COVID-19, и го усвои текстот на Предлог-Анекс кон договор за воспоставување на кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија од 1 милион евра, која исто така ќе биде во функција на намалување на последиците по економијата од коронавирусот.
OhridNews