Министерството за образование не прифаќа воведување  етнички смени во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга. Ваквиот став на надлежните во локалната самоуправа, раководителите на улилиштата и советите не родители им го пренел државниот секретар во Министерството за образование, Перо Стојаноски.

МОН не прифаќа воведување етнички смени, но ќе помогне во подобрување на техничките услови за непречено одвивање на наставата, рече Стојаноски непосредно по средбата со родителите на средношколците од „Нико Нестор“ и „ Ибраим Темо“.

Учениците Македонци и неделава ја бојкотираат наставата во училиштата со барање да бидат воведени етнички смени, како решение за зачестените меѓуетнички конфликти во училиштето. Дел од родителите ги поддржаа учениците, а конечниот став ќе биде познат по денешната средба помеѓу државниот секретар во МОН и претставници на Училишните одбори.

ohridnews