Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – 2 фаза, Министерството за локална самоуправа успешно спроведе постапка за набавка на ИТ опрема за сите осум Центри за развој на планските региони.
Овој проект, поддржан од Владата на Швајцарија, претставува значајна инвестиција во подобрување на капацитетите на Центрите и нивната способност да обезбедат поефикасен и поквалитетен сервис за граѓаните, посочуваат од Министерството.
Во Министерството за локална самоуправа, денеска симболично беше извршено примопредавање на опремата, при што директорите на Центрите едногласно истакнаа дека таа значително ќе им помогне во обезбедување на побрз и поефикасен пристап до информации, како и голема поддршка во напорите за одржлив развој во сите региони низ земјава.
Набавената опрема, која вклучува преносни и персонални компјутери, монитори, мултифункционални принтери и NAS системи е целосно приспособена на потребите на Центрите за развој на планските региони. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 1.295.500,00 МКД и ќе има директно позитивно влијание на работењето на овие институции, потенцираат.
Воспоставувањето на силни и добро опремени центри, додаваат од Министерството, претставува основа за продолжен раст и развој, кој ќе ги подобри условите за живот на сите граѓани, а посебно на оние во помалку развиените региони.
OhridNews