Стимулирање на ликовното творештво и збогатување на музејските збирки во националните установи од областа на културата во Република Македонија, e главната цел поради која Министерството за култура ќе врши откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности. За таа цел во тек е Јавен конкурс кој ќе трае заклучно со 31-ви јануари 2014 година.
На Конкурсот може да учествуваат правни и физички лица кои се сопственици или се автори на уметничките дела што се нудат за откуп.
-Приоритет при откупот ќе имаат квалитетни ликовни дела од македонски автори кои дале исклучителен придонес во создавањето, профилирањето и афирмирањето на македонската современа ликовна уметност. Министерството за култура ќе склучи договор за откуп со лицата од кои ќе бидат откупени делата, стои во Јавниот конкурс.
Овој конкурс е во согласност со ,,Националната стратегија за развој на културата за периодот од 2013 до 2017 година’’.
OhridNews