Неколку денови пред почетокот на два традиционални фестивали што се одржуваат во нашиот град, Балканскиот фестивал на народни песни и игри и фестивалот Охридско Лето, министерот за култура Арификмет Џемаили е во посета на Охрид.

„Се вршат последните подготовки за фестивалите, кои не се само од локално значење. Задоволство е што Охридско лето ќе го отвори Киевскиот балет, со спектакуларна претстава“ рече министерот Џемаили. „Министерството за култура како и секоја година финансиски ќе го помага фестивалот, со тоа што годинава е планирана и поголема финансиска помош за културно – уметничките манифестации во Охрид “ додаде тој.


Министерот за култура Џемаили

Директорот на Охридско лето, Тони Симоновски изјави дека „сите финансиски проблеми се надминати и програмата ќе се одвива по планот, со 99% нови имиња на репертоарот. Фестивалот ќе го завршиме со концерт на прославениот Симон Трпчевски.“

Балканскиот фестивал започнува на 5-ти, а Охридско Лето на 12-ти јули.

С.К.