По шпекулациите дека пропусти при градбата на модуларната болница во Тетово може да се причина за пожарот, Министерството за здравство информира дека сите 19 модуларни КОВИД болници во државата, се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди.

 

 

Модуларните КОВИД центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово се отворени после технички прием. При градбата на сите модуларни болници, вградените материјали се сертифицирани. Министерството за здравство информира дека КОВИД центарот во Тетово е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри а парапетите на прозорите се ниски во случај на евакуација. Во објектот не е користено дрво и запазени се сите други потребни елементи за заштита, велат од Министерството за здравство

При пуштање во употреба на болницата бил направен  уреден технички прием. Како што информираат од Министерството, при градбата биле уредно документирани записници за незначителни технички забелешки кои биле санирани пред пуштање во употреба на болницата.

КОВИД центарот во Тетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи.

Од Министерството за здравство аплериаат да не се шпекулира со информации, а очекуваат експертите и истражните органи што побрзо да го истражат случајот.

 

ОhridNews